Добредојдовте на страницата на четвртата
студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“ СКЕЕОР 2016!

Повик за трудови

Објавен е повикот за трудови за четвртата студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“ СКЕЕОР 2016.

Истиот можете да го преземете тука.

Успешно одржана третата студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“ СКЕЕОР 2015

Од 19 до 21 ноември 2015 год. на ФЕИТ се одржа третата студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“ СКЕЕОР 2015. Конференцијата беше организирана од Факултетот за електротехника и информациски технологии во соработка со Здружението за истражување и промоција на енергетската ефикасност и одржливиот развој СКЕЕОР – Скопје.

По третпат беа сублимирани актуелните прашања и заедничните истражувања во областа на енергетската ефикасност. На конференцијата учествуваа околу 70 учесници, меѓу кои пет пленарни предавачи и шест презентации од компании чија дејност е тесно поврзана со областите на оваа конференција: ЕВН Македонија, Логинг Електроникс, Везе Шари, Џонсон Мети, Винт и Делтапроект.

Главната цел на СКЕЕОР е да ја поттикне истражувачката работа кај студентите, па така, годинава беа презентирани околу 40 научни трудови, изработени во соработка со професори-ментори од ФЕИТ и другите технички факултети на УКИМ. Покрај студентите од ФЕИТ, на конференцијата учествуваа и студенти од Машински факултет, Технолошко-металуршки факултет и ФИНКИ. Конференцијата доби меѓународен карактер, со учеството на студенти и докторанди од Факултетот за електротехника во Љубљана, Факултетот за електроника во Ниш и Универзитетот Еге во Турција.

Со оваа конференција беа продолжени мостовите на соработка помеѓу студентите, професорите и компаниите поврзани со енергетскиот сектор, што беше одлична можност за остварување познанства и размена на знаења и искуства. Младите интелектуалци сè повеќе се свесни за проблемите поврзани со енергетската ефикасност и одржливиот развој, што беше уочливо преку полната конференциска сала на ФЕИТ каде што беа организирани сесиите.

СКЕЕОР 2015 доби голема подрршка од ЕВН Македонија, Македонската секција на ИЕЕЕ, Логинг Електроникс, Везе Шари, Винт, Пакомак, Мак-Јамс, КМГ Квазар, Виталиа, Нескафе, Жито Лукс, Жито Леб итн.