Успешно се одржа првата работилница за пишување научни трудови! Најголема брлагдарност до проф. д-р. Христина Спасевска која ја водеше работилницата и им овозможи на учесниците да ги совладаат техниките и да ги усовршат своите вештини за изработка на квалитетни научни трудови. Преку интерактивни, групни задачи, учесниците имаа прилика и да ги утврдат стекнатите знања. Исто така голема благодарност до Вело Кафе и Добра Вода кои го поддржаа овој настан и ги освежија учесниците со нивните производи. За крај, г-дин. Александар Стамболиев им ги презентираше на учесниците можностите кои ги нуди Бизнис Акцелераторот на УКИМ и како истите да создадат успешни бизнис приказни од своите идеи.