СКЕЕОР И АКЦЕЛЕРАТОР УКИМ – Повик за учество во Venture Academy
ТРАНСФОРМИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ НАУЧНИ ТРУДОВИ ВО БИЗНИС!

Имате идеја? Потребно е од бизнис идеја да пронајдете одржлив бизнис модел и потоа вашето претприемничко знаење да го примените при водење на компанија.

Работилницата „Воведот во Академијата на Акцелератор УКИМ“ ќе ви овозможи со методи за ефективно планирање на вашиот стартап, да го направите првиот клучен чекор, односно да ја потврдите вашата бизнис идеја и да ви покаже како да ги оформите своите мисли и идеи во валиден бизнис модел.

Учеството во Venture Academy е првиот чекор во заедницата на Акцелератор УКИМ кој ги таргетира потенцијалните стартапи во нивната најрана фаза на развој. Право на учество на оваа работилница имаат сите учесници на СКЕЕОР.

Целта е да ја развиете вашата идеја во бизнис модел и да ве подготвиме да бидете дел од нашата акцелераторска програма. Затоа, студентите учесници пријавени на Студентската Конференција за Енергетска Ефикасност и Одржлив Развој – СКЕЕОР 2019 имаат единствена можност да посетат воведни работилници со цел полесно вклучување и адаптирање кон бизнис заедницата! Учесникот својата првична бизнис идеја, произлезена од трудот, ќе ја презентира на свеченото затворање на конференцијата.

Акцелераторската програма ви нуди шанса да добиете инвестиција до 133,000 €.
Venture Academy ќе го содржи следново:

1. Ден 1: Вовед во стартапи и претставување на Акцелератор УКИМ + валидација на идејата (почеток на октомври 2019 година)
2. Домашна работа (почеток на октомври 2019 година)
3. Ден 2: Бизнис моделирање – Lean Canvas (почеток на октомври 2019 година)
По завршувањето на воведот во Venture Academy и презентирање на својата првична бизнис идеја на СКЕЕОР ќе продолжите кон Venture Academy заедно со своите врсници и други студенти од УКИМ.
Академијата ќе се одржи во декември 2019 година, а ќе трае околу 5 дена.
Ве молиме, регистрирајте се тука.