Професорот Невен Дуич од Универзитетот и Факултетот во Загреб го одржа пленарното предавање на отворањето на Седмата Студентска конференција Енергетска Ефикасност и Одржлив развој – СКЕЕОР 2019 на 29.10.2019 во амфитеатар на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии-ФЕИТ, Скопје. Негови главни области на интерес се енергетска политика и планирање, одржлив развој, ублажување на климатските промени, истражување  и иновации. Ни претставува особено задоволство и чест да ја објавиме презентацијата од пленарното предавање на професорот Невен Дуич на тема “Energy sector integration in light of the energy transitions of cities”. Предавањето може да го најдете тука.