Дел од професорите кои секоја година неизмерно ја поддржуваат конференцијата и се ментори на голем број трудови го кажаа своето мислење и искуство за СКЕЕОР. Идеи кои стануваат реалност, подобрени презентациски вештини и запознавање со експерти од пракса се само дел од придобивките со кои се стекнуваат студентите кои се дел од оваа конференција. Според нив знаењето со кое се здобиваат студентите е непроценливо и особено важно при градењето на понатамошната кариера. Нивното искуство преточено во неколку реченици ја отсликува целта на конференцијата и воедно претставува мотивација и охрабрување за студентите да се пријават.