Насоки за авторите

Образецот за изработка на трудовите и упатството за пишување може да го најдете тука.

Покрај трудот, треба да се достави и презентација, која задолжително се изработува на англиски јазик. Образецот за изработка на презентацијата може да го најдете тука

Пожелно е текстот на трудовите да биде пишуван директно во образецот за изработка на трудови.

Максимална дозволена должина на трудот е 8 (осум) страници А4 формат.

Текстот на македонски јазик да биде напишан со македонска поддршка, а не со македонски фонтови (пр. Mac C Times)!

За учесниците кои се студенти на додипломски студии е задолжително менторство на трудот од страна на професор со цел да се зголеми квалитетот на пријавените трудови.

Исто така при испраќањето на трудот освен маил адресата на авторот/те задолжително да се даде и маил адресата на менторот на трудот.

За учесниците запишани на постдипломски и докторски студии се препорачува коавтор на трудот да биде професор.