cover
MG_4742-1
2
Screenshot 2024-06-03 124451
DSC01346
26 (1)
5 (1)
DSC_1116
viber_image_2024-03-18_20-38-40-689
previous arrow
next arrow

Региcтрација и приложување на апстракт до:

3.10.2024

Преостанато време до одржување на СКЕЕОР 2024

Day(s)

:

Hour(s)

:

Minute(s)

:

Second(s)

Приложување на труд до:

6.10.2024

Мотив

Главниот мотив на СКЕЕОР е градење капацитети кај студентите за истражување и развивање решенија коишто ќе придонесат во борба против климатските промени, локалното загадување и неодржливиот општествен развој. Факт е дека на светско ниво се јавува потреба од промена на начинот на размислување, но и од начинот на кој се користи технологијата. Еден од проблемите е масовната употреба на конвенционалните извори на електрична енергија која, неизбежно, има негативно влијание врз животната средина и живиот свет, неефикасната потрошувачка на енергија и транспортот базиран на фосилни горива. Од тука, следува дека на Земјиниот екосистем му се потребни идни професионалци кои ќе бидат способни и заинтересирани да изнајдат решенија на овие проблеми.
Како идни инженери, сметаме дека е наша должност да придонесеме кон обезбедување на одржлива иднина. За постигнување на оваа цел, пред се неопходно е да стекнеме што повеќе знаење во оваа област. Подеднакво важна е размената на меѓународни искуства и сообразување со најновите насоки во енергетската ефикасност. Се надеваме дека ќе успееме да го дадеме нашиот придонес кон подобрување на сегашната ситуација со имплементирање креативни, нови решенија и идеи.
 

Идеја

Во последниве години во Република Северна Македонија се одржуваат многу конференции за промоција на енергетската ефикасност. И покрај сите нивни придобивки, како подигнување на свеста за енергетски заштеди, повеќето од ваквите настани обично не се насочени кон една клучна целна група – студентите. Токму студентите како идни академски граѓани ќе имаат водечки улоги во ова научно поле кое носи непроценливи можности.
Преку оваа конференција на студентите ќе им се даде можност да истражуваат во определена област од енергетската ефикасност и одржливиот развој, да ги продлабочат своите знаења и да дадат свој придонес во одбраната област.
Самата конференција претставува мост помеѓу професионалците и студентите, кои работат заедно на наоѓање решенија за одржлив развој и подобра иднина. Ова е единствена можност да се соберат заедно студентите, нивните професори, експертите и успешните компании кои се професионалци во оваа проблематика. Размената на искуства ќе помогне секому да напредува во научната кариера и личниот развој.

Цели

1. Подигнување на свеста за потребата од енергетска ефикасност, употреба на обновливи извори на енергија и мерки и механизми за одржлив развој.


2. Овозможување научно-истражувачка работа со што студентите се поттикнуваат да работат на изнаоѓање решенија на проблеми од областа на енергетската ефикасност и одржлив развој. Преку презентација и дискусија на изработените трудови се придонесува кон понатамошно развивање на идеи во насока на искористување на потенцијалот кои овие области го нудат.


3. Соработка помеѓу студентите, реномирани професори и претставници на водечки компании од областа. Покрај размена на искуства и проширување на знаења, се остваруваат контакти за идна соработка и професионален развој.

 

Поддржувачи

Спонзори

СКЕЕОР е член на:

Контакт

6 + 12 =