Banner Website 1200x600 МК-01
MG_4742-1
2
Screenshot 2024-06-03 124451
DSC01346
26 (1)
5 (1)
DSC_1116
viber_image_2024-03-18_20-38-40-689
previous arrow
next arrow

Агенда

Вторник, 28 Октомври (ИНОФЕИТ)
СВЕЧЕНО ОТВАРАЊЕ (АМФ на ФЕИТ)
10:00 – 10:30
Пленарно предавање: Климатски промени: Актуелни предизвици, идни перспективи и насоки на истражување

проф. Д-р Маргарита Гиновска, ФЕИТ, УКИМ

10:30 – 11:30
Пленарно предавање: Нуклеарна енергија – двигател на енергетската ефикасност и одржливиот развој

проф. Д-р Ралица Станоева, Југозападен универзитет Неофрит Рилски, Бугарија

11:30 – 12:30
КОКТЕЛ И РЕГИСТРАЦИЈА

12:30 – 13:30
Презентација на ЕВН

13:30 – 13:55
Презентација на Бучим

13:55 – 14:20
Презентација на ЕСМ

14:20 – 14:45
Презентација на Кемет

14:45 – 15:10
Презентација на Македонски Телеком

15:10 – 15:35
Презентација на Окта

15:35 – 16:00
КАФЕ ПАУЗА

16:00 – 16:30
Панел сесија

Мој СКЕЕОР – Импресии на СКЕЕОР алумни

16:30 – 17:00
КMI talks

На гости на СКЕЕОР

17:00 – 18:00
Welcome party

20:00
Среда, 29 Октомври (ИНОФЕИТ)
Регистрација
Покането предавање: Вештачка интелегенција и енергијата: двонасочна врска меѓу потрошувачка и оптимизација

проф. Д-р Христијан Ѓорески, ФЕИТ, УКИМ

9:00 – 9:30
Покането предавање: Зелена и циркуларна економија: Технологии и практики за одржлив развој

проф. Д-р Трајче Велковски, МФ, УКИМ

9:30 – 10:00
Популарно предавање: When Calculated Luck Meets Sustainability – награден студентски труд

Филип Алчевски, ТМФ, УКИМ

10:00 – 10:15
Презентација на студентски трудови

Г. ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОДРЖЛИВОСТ НА ЖИВОТНА СРЕДИНА, НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И МАТЕРИЈАЛИ (3)
– Неконвенционални извори на електрична енергија : можности и перспективи на пиезоелектричната технологија
Бошко Бошков, Маја Наумоска, Виктор Миленкоски
– Отпечатокот на нуклеарната енергија врз животната средина
Стефани Амбаркова, Надица Близнаковска, Марија Кочова
– Проценка на животниот циклус на компјутерска литиум-јонска батерија и споредување на методологии со отворен код и методологии потпомогнати од вештачка интелигенција
Јаков Хаџи Јорданов

10:15 – 11:00
Кафе пауза
11:00 – 11:30
Презентација на студентски трудови

А. ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА – ОИЕ (2)
– Интеграција на дисперзирано производство од ОИЕ и предизвици за стабилноста на енергетските системи
Дурим Села
– Хибридни фотоволтаични и батериски системи како решение за сигурно снабдување со електрична енергија во рурални средини во С. Македонија
Фатон Хисени

11:30 – 12:00
Europe calling – Онлајн вклучување на меѓународни младински асоцијации European Youth Energy Network – EYEN и Young Leeders in energy and sustainability – YES
12:00 – 13:00
Пауза за ручек
13:00 – 14:00
Интерактивна работилница

во организација на eDIH: Како од студентска идеја до комерцијализација и бизнис?

14:00 – 16:00
Кафе пауза
16:00 – 16:30
Презентација на студентски трудови

Д. ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОДРЖЛИВОСТ ВО ИНДУСТРИЈА И ПРОИЗВОДСТВО (6)
– The use of bioplastic as a new material in the fashion industry
Andrea Atanasova
– Зелени фасади – решенија за одржливи градови
Ана Пановска
– Животен циклус на стаклото како одржлив градежен материјал
Наталија Недева
– Од речиси нулта до енергетски позитивна куќа
Симона Темелкова
– Растот на енергетски ефикасна бела техника и влијанието врз профилот на потрошувачка во домаќинството
Дијана Бошкоска
– Моделот на циркуларни бизниси и циркуларна економија како механизам за ефикасно користење на ресурсите
Ристе Костовски, Дијана Јованоска

16:30 – 18:00
Четврток, 30 Октомври (ИНОФЕИТ + ЕКСКУРЗИЈА)
Регистрација
Покането предавање: Хидротехничка инфраструктура во РС Македонија од аспект на хидроенергија – состојба и можности за понатамошен развој

проф. Д-р Стевчо Митовски, ГФ, УКИМ

9:00 – 9:30
Популарно предавање: Иновации во пракса: ДЈ робот

проф. Анис Сефиданис, УИНТ Св Апостол Павле, Охрид

9:30 – 10:00
Презентација на студентски трудови

А. ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА – ОИЕ(3)
– Примената на фазно-променливи материјали за подобрување на ефикасноста на фотонапонските панели во услови на високи температури
Бојана Темелковска
– Предвидување на производството кај фотоволтаични централи со помош на методите на линеарна и полиномна регресија
Бошко Бошков
– Анализа и интеграција на систем за управување со енергија (EMS) во фотоволтаична централа со батериски систем
Давид Јанакиевски, Јана Паневска

В. ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА И ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН ТРАНСПОРТ (1)
– Примена на регенеративо кочење во Формула 1 и неговата релевантност во секојдневни возила
Никита Јакимовски, Мартин Тодороски

10:00 – 11:00
Кафе пауза
11:00 – 11:30
Организирана посета на

-КЕМЕТ електроникс

-ХЕЦ Тиквеш

11:30 – 18:00
Петок, 31 Октомври (ИНОФЕИТ)
Регистрација
Стручно предавање: Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ

Македонка Димитрова

9:00 – 9:30
Презентација на студентски трудови

Б. ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, АВТОМАТИЗАЦИЈА И МЕРЕЊА (6)
– Интелигентни системи за управување со потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата
Бојана Темелковска
– Енергетски ефикасно управувачко решение за стабилност и оптимизација на автономни системи со мотори на еднонасочна струја ( ДЦ мотори) во реално време
Мила Механџиска, Деспина Мојсова, Ангела Настовска
– Водородот како енергетски носител и медиум за складирање енергија – предности и бариери
Ања Илиќ, Матеа Николоска
– Примена на вештачката интелигенција (ВИ) во електроенергетиката
Деспина Ристова Делипетрева
– Дизајн на паметен систем за наводнување со IoT решенија
Јелена Ѓошиќ, Андреа Ѓошева
– Електрификација на греењето на топлински пумпи: предизвици и решенија
Стефан Вуловски Иванов

9:30 – 11:00
Кафе пауза
11:00 – 11:30
Пречек на средношколците

Презентирање на школските еко – клубови

11:30 – 12:00
Организирана посета на лабораториите на ФЕИТ
12:00 – 13:00
Пауза за ручек
13:00 – 13:30
Работилница за средношколците, Дел 1

Енергетски и еко предизвици и развој на идеи за нивно решавање (менторирана тимска работа)

13:30 – 14:30
Кафе пауза
14:30 – 15:00
Работилница за средношколците, Дел 2

Презентирање на развиените решенија за енергетските и еко предизвици

15:00 – 16:00
Доделување на сертификати и затворање на конференцијата
16:00 – 17:00

Финално продолжен краен рок за регистрација и приложување на апстракт :

15.10.2025

Преостанато време до одржување на СКЕЕОР 2025

Day(s)

:

Hour(s)

:

Minute(s)

:

Second(s)

Финално продолжен краен рок за приложување на труд :

20.10.2025

Мотив

Главниот мотив на СКЕЕОР е градење капацитети кај студентите за истражување и развивање решенија коишто ќе придонесат во борба против климатските промени, локалното загадување и неодржливиот општествен развој. Факт е дека на светско ниво се јавува потреба од промена на начинот на размислување, но и од начинот на кој се користи технологијата. Еден од проблемите е масовната употреба на конвенционалните извори на електрична енергија која, неизбежно, има негативно влијание врз животната средина и живиот свет, неефикасната потрошувачка на енергија и транспортот базиран на фосилни горива. Од тука, следува дека на Земјиниот екосистем му се потребни идни професионалци кои ќе бидат способни и заинтересирани да изнајдат решенија на овие проблеми.
Како идни инженери, сметаме дека е наша должност да придонесеме кон обезбедување на одржлива иднина. За постигнување на оваа цел, пред се неопходно е да стекнеме што повеќе знаење во оваа област. Подеднакво важна е размената на меѓународни искуства и сообразување со најновите насоки во енергетската ефикасност. Се надеваме дека ќе успееме да го дадеме нашиот придонес кон подобрување на сегашната ситуација со имплементирање креативни, нови решенија и идеи.
 

Идеја

Во последниве години во Република Северна Македонија се одржуваат многу конференции за промоција на енергетската ефикасност. И покрај сите нивни придобивки, како подигнување на свеста за енергетски заштеди, повеќето од ваквите настани обично не се насочени кон една клучна целна група – студентите. Токму студентите како идни академски граѓани ќе имаат водечки улоги во ова научно поле кое носи непроценливи можности.
Преку оваа конференција на студентите ќе им се даде можност да истражуваат во определена област од енергетската ефикасност и одржливиот развој, да ги продлабочат своите знаења и да дадат свој придонес во одбраната област.
Самата конференција претставува мост помеѓу професионалците и студентите, кои работат заедно на наоѓање решенија за одржлив развој и подобра иднина. Ова е единствена можност да се соберат заедно студентите, нивните професори, експертите и успешните компании кои се професионалци во оваа проблематика. Размената на искуства ќе помогне секому да напредува во научната кариера и личниот развој.

Цели

1. Подигнување на свеста за потребата од енергетска ефикасност, употреба на обновливи извори на енергија и мерки и механизми за одржлив развој.


2. Овозможување научно-истражувачка работа со што студентите се поттикнуваат да работат на изнаоѓање решенија на проблеми од областа на енергетската ефикасност и одржлив развој. Преку презентација и дискусија на изработените трудови се придонесува кон понатамошно развивање на идеи во насока на искористување на потенцијалот кои овие области го нудат.


3. Соработка помеѓу студентите, реномирани професори и претставници на водечки компании од областа. Покрај размена на искуства и проширување на знаења, се остваруваат контакти за идна соработка и професионален развој.

 

Коорганизатори

Спонзори

Подржувачи

СКЕЕОР е член на:

Контакт

2 + 12 =